Оnline час по предметот Меѓународна трговија заедно со професорката Јованка Биљан и студентите на ФТУ Охрид

https://www.facebook.com/ftu.uklo.edu.mk/posts/3537551179606591

На online часовите по предметот Меѓународна трговија на 11.05.2020 се одржа клиничка настава. Голема благодарност до гостите - предавачи Радмила Ристиќеска Постолова од Шпедиција Постолови - Скопје (www.postolovi.mk) и Михаил Китановски од D2EMCONSULTING - Скопје (mihailkitanovski.online), кои одвоија од своето слободно време да разменат дел од своите искуства со нас.
Гостите се претставија себе си и своите компании пришто посебен акцент ставија на изменетите услови на работа согласно мерките за заштита од корона вирусот. Исто така, го претставија и блогот Reducing trade costs with wisely implemented trade facilitation, којшто двајцата заеднички го уредуваат.
На општо задоволство на сите, се разви богата дискусија на која активно учество зедоа студентите. — со Mihail Kitanovski и Radmila Ristikeska Postolova.