ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ во ПОСТОЛОВИ ШПЕДИЦИЈА И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ која е клиентски ориентирана фирма ја креира ,спроведува и одржува врвното раководство (управителот) во комуникација со сите компетентни лица со кои заедно ги дефинираат процесите и процедурите.
За реализирање на својата основна цел а тоа е ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ Постолови шпедиција и консалтинг ДООЕЛ се фокусира на следните цели:
- Ефикасно и економично работење преку попаметни работни процеси и пристап до најдобрите практики на ПОСТОЛОВИ шпедиција и консалтинг
- Професионален однос со клиентите, исполнување на барањата и реализирање во договорените рокови.
- Подеднаков третман на сите клиенти без разлика на нивниот обем на работа
- Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
- Подобрена усогласеност и ублажување на ризикот со оптимизирани царински процеси и процедури
- Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
- Правилно и брзо царинење на стока
- Обезбедување на здрава работна средина и обука за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење
- Постојана едукација,иновативност и информираност со постоечките правила и прописи
- Ефикасни услуги за шпедиција и консалтинг по конкурентни цени, со строго почитување на роковите.
- Минимум бројот на грешки и нула поплаки од клиенти.
- Услуги на клиентите на очекуваните нивоа, истовремено отстранувајќи ги сите ризици што можат да се појават во работниот процес.
- Вистинско и правилно однесување на вработените - сите деловни активности се извршуваат со интегритет, чесност и според строг морален кодекс на етика.
- Учење и развој во индустријата преку соодветна обука.
- Аутсорсинг на услуги според прифатените стандарди.
- Имплементацијата и почитувањето на политиките за квалитет на компанијата.
За да се постигнат, одржуваат и надградуваат овие вредности се извршува следното:
- Вработување на квалификуван и амбициозен тим кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и подобрува;
- Негување и развој на партнерства со соработниците ;
- Нудење на оптимални и сеопфатни решенија кои даваат поддршка на барањата и потребите на клиентите;
- Одржување и подобрување на ефикасноста на системот за управување со клалитетот според барањата на меѓународниот стандарс ISO 9001:2015
Обврска на секој вработен е да биде запознаен со Политиката за квалитет ,да ја разбере и прифати како постојан принцип на своето работење.
Дата:
30.08.2021
УПРАВИТЕЛ: Радмила Ристиќеска Постолова