Прочитајте повеќе 

ПОКАНА ЗА ОБУКА

Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки.

Прочитај повеќе

ОТВОРЕНА ПОКАНА ЗА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ ШТО ПОДНЕСУВААТ ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАЦИИ ВО ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ СКОПЈЕ 4 И АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

Царинската управа ги поканува сите застапници (шпедитери) што поднесуваат декларации во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи на 24 и 25 декември со почеток во 10,00 часот, во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (Лазар Личеноски, 13 Скопје).

Прочитај повеќе

УСОГЛАСУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ЗА 2019 ГОДИНА

Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2019 година е објавена во Сл. Весник број 227 од 12.12.2018 година. Истата е веќе достапна на интернет на следниот линк http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-carinska-tarifa во делот ПОДЗАКОНСКИ АКТИ.

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ НА ЦИ БЛАЦЕ - СТОКОВО И ПАТНИЧКИ ПРОМЕТ

По добиено известување од косовските служби информираме дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје - Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези“ - Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци

Прочитај повеќе

Покана за презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)

Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ . Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).

Прочитај повеќе

ПОЧЕТОК НА НОВАТА ДИГИТАЛНА ЕРА НА ЦАРИНАТА

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.

Прочитај повеќе

ПОКАНА ЗА НАСТАНОТ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА КОНЦЕПТОТНА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР

Со цел промовирање и користење на статусот на ОЕО во регионални и глобални рамки, Царинската управа во следниот период планира да организира повеќе настани насочени кон запознавање на деловната заедница со концептот на ОЕО и условите под кои еден економски оператор може да добие статус на ОЕО, како и промовирање на поволностите и олеснувањата кои о

Прочитај повеќе

ЗАЕДНИЧКА ПРОМОЦИЈА НА КОНЦЕПТОТ ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР

Царинската управа на Република Македонија на 9.10.2018 година организираше настан за промовирање на концептот на Овластен економски оператор.Беше презентирана можноста за примена на концептот, со оставена можност учесниците да настапат со конкретни прашања за подетално информирање.

Прочитај повеќе

ПОВИК ЗА ОТВОРЕН ДЕН – СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКА УПРАВА – ЃОКО ТАНАСОСКИ

Царинската управа ги известува сите учесници во царинската постапка(увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери) дека на 10.10.2018 година со почеток во 10 часот во просториите на Царинската управа (стара зграда), Лазар Личеноски 13, ќе биде организирана средба – отворен ден со Директорот на Царинскa управа.

Прочитај повеќе

Колку знаете за царинската контрола и усогласеноста со царинските регулативи?

Тестирајте го Вашето знаење и проверете дали сте ПАДАВАН,СОФОМОР ,НИНЏА или „JEDI„ во оваа област.

Категории

Пребарување

Имате прашање?

Поставете го вашето прашање и ние ќе ви одговориме!

Име*
Е-пошта*
Телефон
Вашето прашање*
*

Најнови вести

Архива на вести