ПОКАНА ЗА ОБУКА

Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки. Имајќи ја предвид важноста со овие обуки да бидат опфатени што е можно поголем број на царински застапници, Царинската управа со поддршка на Проектот на USAID за регионален економски раст – РЕГ во текот на март, април и мај ќе организира повеќе еднодневни обуки. Ве информираме дека првите обуки ќе се одржат на следните дати: бр.Датаден во неделата 1.22.03.2019Петок 2.29.03.2019Петок 3.01.04.2019Понеделник 4.02.04.2019Вторник 5.03.04.2019Среда 6.04.04.2019Четврток 7.05.04.2019Петок Обуките ќе се одржуваат од 12:00 часот на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Адреса: Булевар Гоце Делчев бр.9В, 1000 Скопје). Се повикуваат сите царински застапници (од целата држава) да се пријават за учество најдоцна до 21.03.2019 година (четврток) до 16:00 часот на следните електронски адреси: obuki@customs.gov.mk. Во пораката потребно е да бидат доставени следните податоци за пријавените учесници: -Име и презиме -Број на лиценца -Компанија -Телефонски број и електронска пошта за комуникација Поради интересот пожелно е да се пријавуваат по двајца претставници од економски оператор, а пополнувањето на групите ќе биде по принципот прв дојден прв услужен. Откако ќе бидат оформени групите, учесниците ќе бидат известени за терминот во кој се распределени да ја посетуваат обуката по електронска пошта. Напоменуваме дека вакви обуки се планирани и во иднина, за што ќе бидат објавени покани на интернет страната на Царинската управа. Со почит, Царинска управа


http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/informacii-mk/vesti-mk/2078-20-03-2019