Покана за презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)

Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ . Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО). Учесниците на настанот ќе се запознаат со апликацијата – ТАРИМ и двата подмодули на ТАРИМ модулот - консултацискиот и калкулацискиот модул. Во моментот консултацискиот модул е поставен на веб страницата на ЦУРМ и подaтоците се неофицијални. Сo воведувањето на СOЦДАД (Систем на обработка на царински декларации и акцизни документи) пресметката на податоците во царинските декларации ќе се врши преку калкулацискиот подмодул на ТАРИМ и истиот е од исклучителна важност, па оттука на неговото презентирање ќе се посвети и поголемо внимание. Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 14:00 часот.

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/informacii-mk/vesti-mk/1914-19-11-18