Овластен Економски Оператор

Што претставува Овластен Економски Оператор ?

Стекнувањето на статусот овластен економски оператор претставува сертифицирање на трговското друштво, како сигурен и безбеден партнер на Царинскиот Орган и сигурен и безбеден партнер во меѓународниот и регионалниот синџир на снабдување. Штом ќе станете ОЕО, во меѓународната заедница ќе бидете препознатливи како „доверлив бизнис партнер“

Статусот на ОЕО обезбедува значителни придобивки за компаниите кои тргуваат на меѓународно ниво.
Тие вклучуваат:
✔ Пристап до приоритетно царинење на стоки, што овозможува брзо следење на пратките
✔ Полесен пристап кон царинските поедноставувања
✔ Помалку физички/документарни контроли
✔ Помалку администрација
✔ Приоритетен третман на пратките кои се селектирани за контрола
✔ Избор на место за контрола
✔ Подобрена сигурност и безбедност помеѓу партнерите во синџирот на снабдување
✔ Взаемно признавање на статусот ОЕО во други земји

Доколку сакате да дознаете повеќе за ОЕО посетете ја веб страната на Царинска Управа на РСМ  или КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ !