Паневромедитерански преференцијални правила за потекло

Царинско советување

Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила за потекло (ПЕМ конвенција) е единствен документ чија главна цел е примена на идентични преференцијални правила за потекло на стока со која се тргува меѓу договорните страни кои се потписнички на овој документ.

Во суштина ПЕМ конвенцијата е:

  • Меѓународен договор ( единствен документ) чија главна цел е примена на идентични преференцијални правила за потекло на стока
  • Со цел да ја замени мрежата на повеќе од 60 билатерални протоколи за правила за потекло со единствен правен инстумент.
  • Креирајќи голема зона на дијагонална кумулација ( спојувајќи ја постоечката ПЕМ кумулација со ПСА кумулацијата на земјите членки учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација )
  • Објавена во Службен весник на ЕУ L54, 26.02.2013

 Повеќе информации за ова цариснко советување има во БАЗАТА НА ЗНАЕЊЕ

Поврзани блог статии